Домаќинот на второто „Суперкласико“ кој ќе одлучи кој ќе биде шампион на Јужна Америка на програмата е на 9 декември со почеток од 20:30 часот, а ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Јужноамериканската фудбалска конфедерација одлучи да го премести натпреварот не само од Буенос Аирес, туку и од Аргентина поради девијантното однесување на навивачите.
Реванш натпреварот на историското финале од Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра во Мадрид.
Навивачите на Ривер пред натпреварот го каменуваа автобусот со фудбалерите на Бока при што неколкумина беа повредени.
КОНМЕБОЛ го казни Ривер со одигнување два натпревари пред празни трибини и 400.000 евра парична казна, а по разгледувањето на неколку алтернативни опции за нов домаќин на реваншот, одлуката паднала на Мадрид.
И натаму постои можност натпреварот да не се одигра бидејќи Бока најави тужба пред Судот за спортска арбитража во Лозана сметајќи дека Ривер ги прекршил законите за безбедност и сигурностт и бара реванш натпреварот да се регистрира со службена победа за овој тим.