Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас не е вознемирен поради гласините дека Тибо Куртоа би можел да дојде на Сантијаго Бернабеу.
Откако стигна во Мадрид за 10 милиони евра од Леванте во 2014, Навас константно е под закана за губење на местото во стандардната постава на кралскиот клуб, но тој во меѓувреме три пати ја освои Лигата на шампионите и еднаш Примера.
Како и секое лето, и ова во медиумите се најавува доаѓање на некое големо голманско име во Реал, а сега во центарот на вниманието е Белгиецот од Челзи.
Нему на крајот од сезоната му истекува договорот со „сините“, па тие наводно се подготвени да го продадат за да заработат нешто.
-Зборував со Хулен Лопетеги. Се е во ред, мирен сум. Ми останаа уште две години од овој договор, во кој навистина вредно работев. Уживам во секој момент во Реал и морам да видам што ќе се случува во иднина. Се андевам дека и понатаму ќе уживам, рече Навас.