Костариканскиот репрезентативен голман Кејлор Навас до крајот на сезоната ќе го носи дресот на премиерлигашот Нотингем Форест, откако на последниот ден од јануарскиот преоден рок беше позајмен од францускиот првак ПСЖ.
Навас (36), кој во текот на кариерата со Реал Мадрид освои три последователни титули во Лигата на шампиони, е еден од тројцата нови играчи во редовите на англискиот прволигаш кои пристигнаа на самиот крај на преодниот рок.
Покрај Навас, на Форест му се приклучија и Џонџо Шелви од Њукасл и Фелипе од Атлетико Мадрид.
Во својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, Нотингем Форест во моментов е на 13 место на табелата со 21 бодови, пет над зоната за испаѓање.