Кристијан Ериксен синоќа повторно го облече дресот на данската фудбалска репрезентација откако минатото лето доживеа срцев удар за време на Европското првенство.
Влезе во игра во второто полувреме на пријателската со Холандија и само две минути подоцна постигна гол. Данска го загуби натпреварот со 4-2 во Амстердам, но главен актер секако беше Ериксен.
По завршувањето на дуелот, додека фудбалерот даваше изјава за медиумите, некој од трибините фрли со паричка кон него.
Some fan threw a coin at Christian Eriksen during his post-match interview.🤦♂️#ForDanmark #NEDDEN pic.twitter.com/y2xJrpLdl0
— Danish Football (@DANISHF00TBALL) March 27, 2022