Навивач на англискиот Блекпул почина од тешки повреди на главата здобиени во тепачка со навивачите на Барнли, објавија британските медиуми.
55-годишниот навивач Тони Џонсон, бил пронајден во тешка состојба во саботата вечерта по натпреварот.
-Му била укажана помош, по што бил пренесен во болница, каде што починал, јави Би-Би-Си.
Полицијата апелираше до сите што го снимиле инцидентот да ја испратат снимката, повикаа сведоци и соопштија дека ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери.