четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивач на Клуб Бриж со комична порака до Меси: „Имај милост…“ (ФОТО)

Навивач на Клуб Бриж со комична порака до Меси: „Имај милост…“ (ФОТО)

Фудбалерите на ПСЖ поведоа во раната фаза од мечот кај Клуб Бриж. Стрелец на погодокот беше Андер Херера.

За првпат оваа сезона во нападот на гостите се појавија Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси. Ѕвездената офанзива ќе биде пред прв тест во Белгија, а домашните навивачи очекувано стравуваат од тоа што може да му се случи на нивниот клуб.

Еден од нив ја насмеа фудбалската јавност со знакот со кој се појави на трибините на кој пишуваше: „Меси, имај милост…“.

Аргентинецот од оваа сезона се пресели во Париз, по 20 години како дел од Барселона.