Натпреварот меѓу бразилски Сантос и аргентински Индепендиенте не го дочека својот крај поради дивеење на навивачите на домашната екипа.
Фановите на Сантос фрлаа факели кон резервната клупа на аргентинскиот тим, а потоа се обидоа да влезат на терен, па судијата се одлучи да го прекине мечот на осум минути пред крајот.
Енергичната интервенција на полицијата спречи поголеми инциденти. И пред синоќешниот натпревар низ улиците на градот имаше инциденти, а еден навивач беше прободен со нож.
Мечот беше од осминафиналната фаза во Копа Либертадорес. Во четвртфиналето оди Индепендиенте, а Сантос го очекува казна.