Тибо Куртоа беше херојот на Реал Мадрид во финалето со Ливерпул. Одличниот белгиски голман имаше фантастичен настап во битката за трофејот во Лигата на шампионите, и без сомнение беше најзаслужниот што Реал по четиринаесетти пат успеа да го освои ова натпреварување.
Сепак, навивачите на Атлетико Мадрид одново „удрија“ по него. По освојувањето на Лигата на шампионите решија да го „избришат“ од историјата на овој клуб.
Навивачите на Атлетико ја отстранија плочата со неговото име пред стадионот „Ванда Метрполитано“. Имено, играчите кои имаат над сто настапи за Атлетико имаат плакети во знак на благодарност пред стадионот, но Куртоа повеќе не е дел од оваа убава приказна.
Pues se confirma chavales. Tenemos heroe anónimo. La foto la manda @sancris_candado desde el estadio pic.twitter.com/jlST9GM5KU
— S T A T S 🏧 (@Statsatm) May 30, 2022
Но, само еден час откако беше објавено дека неговата плоча е извадена, се огласи Белгиецот. Тој на Твитер објави фотографија на која го држи трофејот во Лигата на шампионите со опис „Хала Мадрид“, а медиумите во Шпанија сметаат дека Куртоа на ваков начин им одговорил на навивачите на Атлетико поради нивниот срамен потег.
Hala Madrid 🤍 #CHAMP14NS pic.twitter.com/BPQ1KUaQVT
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) May 30, 2022
30-годишниот чувар на мрежата за Атлетико Мадрид забележа 111 настапи, а во Реал е од 2018 година.