четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Атлетико се мобилизираа: Гризман, не те сакаме

Навивачите на Атлетико се мобилизираа: Гризман, не те сакаме

Еден ден откако почнаа шпекулациите за можно враќање на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид, навивачите на овој клуб се мобилизираа на социјалните мрежи за да му порачаат дека не го сакаат назад.

Хаштагот #GriezmannNoTeQueremos во моментов е втор најпопуларен на Твитер во Шпанија и од час во час бројот на вклучени е се поголем. Гризман се поврзува со Атлетико поради тоа што Барселона е во финаниски проблеми и ѝ се заканува тотален банкрот, па мора да се кратат трошоци и да се собираат пари од продажба на фудбалери.

Атлетико нема проблем да го врати Французинот во своите редови, а се спомнува и размена на играчи во која би бил вклучен Саул Нигес.