вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Челзи го навредувале, Куртоа им возврати со специјален гест (ВИДЕО)

Навивачите на Челзи го навредувале, Куртоа им возврати со специјален гест (ВИДЕО)

Тибо Куртоа по којзнае кој пат ја потврди својата голманска класа на дуелот против Челзи, а за него настапот на „Стемфорд Бриџ“ имаше и посебно значење поврзано со неговата фудбалска историја.

Белгиецот е поранешен играч на премиерлигашот, но навивачите зад неговиот гол постојано го провоцирале и навредувале во текот на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Куртоа имаше неколку одбрани со кои покажа зошто е чувар на мрежата на актуелниот европски првак, а по една одлична интервенција испорачал и гест наменет за фановите на Челзи кои не го штеделе во текот на средбата.

Куртоа е уловен како го бакнува грбот на Реал Мадрид на својот дрес, па јасно е дека се работи потег со кој сакал да им испрати порака на домашните фанови во Лондон.