Вчера беше потврден трансферот на Коди Гакпо во Ливерпул, а тоа воедно беше и големо разочарување за навивачите на Манчестер Јунајтед.
Долго време се најавуваше Гакпо како ново засилување за тимот на Ерик Тен Хаг, но на крајот тој заврши во големиот ривал на „црвените ѓаволи“.
Гакпо беше една од најголемите желби на Ерик Тен Хаг, меѓутоа очигледно во Ливерпул реагирале побрзо и успеаа да го доведат во своите редови.
Дека навистина очекуваа Гакпо да се пресели во Јунајтед покажуваат и видеата направени на „јутуб“ каде што му посакуваа добредојде.