петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на ПСЖ повеќе не го сакаат Меси

Навивачите на ПСЖ повеќе не го сакаат Меси

Навивачите на Пари Сен Жермен се крајно разочарани од Лионел Меси и неговите изјави за евентуално напуштање на клубот. Тие се гневни по испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампионите, а „данокот“ изгледа дека ќе го плати Аргентинецот, за кого многу медиуми деновиве пишуваа дека е на излезни врати од Париз.

Неколку француски медиуми излегоа со информација дека навивачите на „светците“ со огромни свирежи ќе го „наградат“ Меси на претстојниот натпревар во Лига 1 против Рен, кој ќе се одигра в недела.

Фановите се незадоволни од неговите изданија во елитното натпреварување, а најмногу му замериле за недоволното залагање на теренот во дуелите со Баерн Минхен.