Аргентинските Ривер Плата и Бока јуниорс конечно вечерва од 20:30 часот во Мадрид ќе го одиграат реванш натпреварот од Копа Либертадорес.
Во првиот натпревар на „Ла бомбонера“ одиграа без победник (2-2) па токму поради тоа вечерва следи нов спектакл на „Сантијаго Бернабеу“, каде ќе се игра натпреварот од безбедносни причини.
VIDEO: Boca Juniors players receive rapturous welcome from fans in Madrid ahead of tonight’s #CopaLibertadoresFinal against Argentine rivals River Plate #Superclasico
| https://t.co/HdReveMBEO pic.twitter.com/1z3LPOsr3H— The National Sport (@NatSportUAE) December 9, 2018
Па, сега мадридската полиција е таа која има и тоа како тешка задача. Навивачите на двата тима буквално го окупираа Мадрид. Некои даваа и отказ за да дојдат на дуелот, некои продаваа и автомобил да обезбедат пари за пат до Шпанија, и на крај сите заедно вистински го „запалија“ Мадрид.
Пеколна атмосфера низ главниот град на Шпанија е во текот на целиот ден…, со бројни оклопни возила по улиците и силни безбедносни мерки. Може само да замислиме како ќе биде на самиот натпревар.