Откако веста за младиот навивач на Шкотска Џејмс Мекалхин се прошири низ македонските медиуми приказната доби среќен крај!
Имено, на својот Фејбук профил се огласи братот на момчето кој претходно бараше помош.
-Имаме новост. Џејмс успеа да не контактира и сега е на пат за дома. Ви благодариме на сите за помошта – напиша Конор на својот Фејбук профил.
Да потсетиме, токму Конор беше момчето кое ја „крена на нозе“ цела Шкотска со статусот во кој бара помош за својот брат. Неговиот брат наводно останал без батерија на својот мобилен телефон и го испуштил летот со кој требало да се вратат назад.
За среќа на крајот се добро се заврши.