недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

НАВРЕДЛИВ КОМЕНТАР: Македонија игра многу примитивен фудбал

НАВРЕДЛИВ КОМЕНТАР: Македонија игра многу примитивен фудбал

Австрија и Македонија играа многу примитивен фудбал, но навистина се бореа за секоја топка. Но, дефинитивно сме класа над нив. Ако не ги победиме Македонците, тогаш не заслужуваме да играме во осминафиналето.

Ова е навредливиот коментар на украинскиот стратег, Олександр Севидов кој во моментов работи како стручен аналитичар за медиумите од оваа земја.

Тој смета дека доколку Украина не ја победи Македонија не заслужува да игра во нокаут фазата.

Натпреварот меѓу Македонија- Украина ќе се игра на 17. јуни на Националната арена во Букурешт.