четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Не е Мбапе: Фабрегас му порача на Реал Мадрид кој треба да им биде замената за Бензема

Не е Мбапе: Фабрегас му порача на Реал Мадрид кој треба да им биде замената за Бензема

Додека многумина го поврзуваат Килијан Мбапе со Реал Мадрид, каде го гледаат како замена за Карим Бензема, еден легендарен шпански фудбалер смета друго. Францеск Фабрегас вели дека одлична замена за французинот би бил Хери Кејн.

„Веќе долго мислам дека Хери Кејн би бил совршена замена за Карим Бензема во Реал Мадрид. Се разбира, Бензема на Европкото првенство покажа дека никаде не оди и дека игра многу многу добро, но тоа што мислам е дека Кејн може да ја преземе неговата улога во Мадрид, а тоа доказ само колку го ценам. Тешко е таму некој да се носи со притисокот, не го може тоа секој играч, но ако Бензема замине или успори, Кејн би бил прав избор за Реал“– сигурен е Фабрегас.

„Кејн веќе пет или шест години е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Конзистентен е, постигнува многу голови и промени тек на многу натпреварувања. Минатата сезона видовме дека неговата игра напредува по сите асистенции кои додели во Тотенхем.“