среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Не е паралелен универзум: Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед изгуби облог и облече дрес на Ливерпул (ВИДЕО)

Не е паралелен универзум: Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед изгуби облог и облече дрес на Ливерпул (ВИДЕО)

Има работи кои за некои фудбалски фанови преставуваат паралелен универзум, како на пример Франческо Тоти во дрес на Лацио, Стивен Џерард во дрес на Манчестер Јунајтед, Паоло Малдини во дрес на Интер или Јувентус, Хавиер Занети во дрес на Милан или Јувентус, Алесандро Дел Пиеро во дрес на Милан или Интер, Меси во дрес на Реал, Гери Невил во дрес на Ливерпул, Џејми Карагер во дрес на Манчестер Јунајтед…

Но, ситуацијата кај последните двајца стана реалност. Да, и тоа е возможно Гери Невил во дресот на Ливерпул, а Џејми Карагер во дресот на Манчестер Јунајтед. Невил изгуби облог и вчера вечер го исполни ветувањето и во телевизиска емисија облече дрес на Ливерпул.

Двоецот кој фудбалските фанови најмногу го сакаат кога се „караат“ емисии и на Твитер припреми нова забава на стартот на сезоната.

На почетокот на месецов, Гери Невил изгуби во шутирање пенали од Џејми Карагер и како дел од договорот во тој мал облог, требаше да облече дрес на Ливерпул во телевизиска емисија. И тоа го направи, но  Карагер додатно ја „зачини“ целата ситуација.

Се намести дресот со број 23 во Ливерпул сега да го носи Џердан Шакири, играч кого поранешниот легендарен капитен на Манчестер Јунајтед баш и не го цени премногу и кого остро го критикуваше на крајот на минатата сезона.

-Не сум фан на Џердан Шакири. Искрено, ме нервира како се дистанцираше од своите соиграчи во Стоук, кажа тогаш Невил, кој оцени дека Шакири е од „оние играчи“ кои можат да постигнат некои феноменални голови, но можат и цела сезона ништо да не направат.

Договорот беше Невил да го облече дресот со бројката на Карагер, а некогашниот играч на Ливерпул одлучи да му приреди изненадување, па во студиото донесе дрес од Шакири со посебна порака за Невил:

-За мојот најголем фан.

И Карагер во текот на емисијата облече дрес од Манчестер Јунајтер и двата дреса ќе бидат продадени на аукција. Парите од продажбата ќе бидат уплатени во некоја хуманитрана организација.