Ги исплаши сите кога се струполи на тревата, но сега Драги му се враќа на фудбалот и зборува за денот кој му го промени животот. На 25 март срцето на Драгиша Гудељ застанал на три минути, а потоа буквално се вратил во живот!
Актуелниот фудбалер на Кордоба Драгиша Драги Гудељ, си ја отвори душата во интервју за шпанска Марка.
Откако беше опериран, српскиот фудбалер кој го продолжи договорот со Кордоба до 2025 година, се врати на теренот само 111 дена подоцна, минатиот петок на пријателскиот натпревар против Севиља, тимот на неговиот брат Немања.
Какво е чувството да се вратиш на теренот по ваков настан?
„Кога знаев и кога ми беше јасно дека ќе играм повторно, само помислив дека морам да бидам посилен од било кога. Тоа ми беше многу јасно. Затоа веднаш сакав да дадам се од себе. Му благодарам на Бога што се вратив на теренот и што можам да се борам за она што го правам цел живот. Се чувствував добро, самоуверено и многу силно, рече Драгиша на почетокот на разговорот.
Како го помина целиот процес овие месеци и сите тестови кои се сметаат за погодни за продолжување на кариерата?
„Живеев доста тешки месеци, физички и психички. Особено на ментално ниво. Имаше многу емоции и многу сомнежи, со многу тестови што морав да ги направам, вели Гудељ.
Многумина го споредуваат вашиот случај со случајот на Ериксен, иако тој беше во болница еден месец.
„Точно, тој беше подолго, 8 месеци надвор од теренот. Јас имав можност да одиграм натпревар точно 111 дена по тоа што ми се случи. Сега е се поинаку. Инаку, многу сум му благодарен на Кристијан Ериксен бидејќи многу ми помогна во процесот низ кон минував. Веќе во првата недела која ја поминав во болница имав можност телефонски да разговарам со него. Совршено ме разбра низ што поминувам и можеше да ми ги пренесе емоциите и да ми даде вистински совет. Тој продолжи да ми помага и во овие месеци. Успеав брзо да го променам чипот во главата и да размислувам позитивно, открива фудбалерот.
Се сеќаваш ли на нешто од тој ден?
“Да, се сеќавам многу, речиси на се, освен оние седум или 10 минути. Откако паднав на тревата, ништо не се сеќавам. Кога се разбудив на носилки, да, од таа секунда се сеќавам на сè. Видов луѓе во близина и ме ставаа во брза помош, а потоа прашав: “Што ми се случи?” И му кажав на тренерот дека не можам да се одврзам, дека сакам да продолжам да играм, не знаев што ми се случи, мислев дека нешто ме удри. Чудно е затоа што се чувствував добро, иако со многу адреналин, очигледно. Тогаш го видов татко ми и неговото лице… Ми рече: „Драги, опушти се, смири се одма“. И од неговото лице видов дека нешто сериозно ми се случило и дека треба да се смирам. Откако влегов во брзата помош, докторот ми кажа што ми се случило. И кога ќе ви кажат дека срцето ви застанало на три и пол минути, светот исто така застанува на неколку секунди. Не знам како да го објаснам моето чувство кога ми кажаа, открива Гудељ.
Дали сакавте да ги видите сликите или претпочитате да ги игнорирате?
„Ги видов сликите и солзите почнаа неконтролирано да течат. Не знам дали некогаш ќе го заборавам тој ден, јас сум во кревет. Татко ми и брат ми ми рекоа дека не морам да гледам ништо, но кога ќе ти се случи нешто вакво, чувството е посилно од твојата глава. Се гледаш себеси како паѓаш на земја, не се мрдаш, знаејќи дека твоето срце застанало. Го исклучив видеото и сакав да заборавам. Не го гледав повторно и затоа првиот месец го избришав профилот на Инстаграм. Сликите беа насекаде, на социјалните мрежи и не сакав повеќе да ги гледам, изјави Драгиша Гудељ.