Ретки се фудбалерите кои во денешно време на овие вртоглави заработки во фудбалот, можат да останат скромни, еден од нив сигурно е Нголо Канте.
Каи Хаверц во интервју за британските медиуми, откри дека некои негови колеги се доста скромни, па нагласи дека таква особина гледа во Канте.
„Запознав низ фудбалот многу карактери, но Нголо Канте е неверојатен, тој е толку скромен што има дури телефон кој не го менува скоро 10 години, не му е гајле за автомобилите, воопшто не се грижи за скапа гардероба. Никогаш не смеете да им судите на луѓето поради тоа колку трошат. Повеќето од нив се добри луѓе“, открива Хаверц.
Интересен е податокот дека Канте на Стемфорд Бриџ заработува 300 000 евра неделно, но и понатаму останува човек близок до обичниот свет.