Во Истанбул се одржа ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.
За групата на смртта е прогласена група Ц, во која се Баерн, Барселона, Интер и како комплетен аутсајдер Плзен.
Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети не беше задоволен од групата, но рече: „Тешка група, силни екипи, но ние сме Интер и не се плашиме од никого“.
Освен Интер, загрижени беа и во Јувентус. Тоа особено можеше да се види на лицето на Павел Недвед. Чехот буквално „побледе“ кога виде дека Јувентус како тим од вториот шешир падна во групата Х со ПСЖ.
Сепак, за утеха остануваат неговите ривали од третиот и четвртиот шешир. Бенфика секако е квалитетна, но Јуве има право да се надева на пласман во нокаут фазата.
Со сета почит кон тимот на Макаби Хаифа, кој во баражот ја елиминира Црвена Звезда, реално нема да има многу шанси во оваа група.
Други италијански претставници во Лигата на шампионите се Милан и Наполи. Росонерите се во група со Челзи, Салцбург и Динамо Загреб, додека наполитанците имаат интересни натпревари со Ливерпул, Ајакс и Ренџерс.
Она што е сигурно е дека со нетрпение го очекуваме септември и првите натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, а во продолжение можете да ги погледнете сите групи.
Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Глазгов Ренџерс
Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж
Група Ц: Баерн, Барселона, Интер, Плзен
Група Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Марсеј
Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб
Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик
Група Г: Манчестер Сити, Севиља, Борусија Д., Копенхаген
Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа