Утре во 10 часот ќе се знае дали македонскиот национален тим за фудбалери до 21 година, ќе игра со Фарски острови. Проблем е замрзнатиот терен.
Судиите и делегатот во 10 часот ќе извршат инспекција на теренот, и потоа на официјален состанок ќе информираат дали има услови да се игра мечот на младите селекции, или ќе мора да биде одложен.
Македонските таленти имаа тренинг кој траеше 40-тина минути, и тоа на мал дел од теренот, кој бил најмалку замрзнат. Доколку состојбата не се подобри, големи се шансите да не се игра овој дуел од квалификациите за ЕП. И домашната селекција ја информираше УЕФА за состојбата во Торшавн.