вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејтан Џонс нов тренер на Саутемптон

Нејтан Џонс нов тренер на Саутемптон

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон потпиша денеска три и пол годишен договор со поранешниот тренер на Лутон, Нејтан Џонс.

Тој на тренерското место во Саутемптон доаѓа неколку денови откако премиерлигашот му врачи отказ на австрискиот стратег Ралф Хасенхилт.

-Навистина сум горд што ја добив оваа можност. Очигледно беше дека сакам да тренирам во Премиер лигата, за тоа сонував уште пред да станам тренер, а особено ме привлекува овој клуб поради начинот на кој се раководи, структурата и тоа што гледаат подалеку од резултатите, изјави Џонс.

Саутемптон во моментов е во зоната на испаѓање во Премиер лигата со 14 бодови на 18 место.