вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Неколку фудбалери во игра за замена на Мегвајер

Неколку фудбалери во игра за замена на Мегвајер

Хари Мегваер си заминува од Манчестер Јунајтед и во иднина ако нема некое изненадување ќе го носи дресот на Вест Хем.

Четири години Мегваер беше дел од „црвените ѓаволи“, период во кој беше капитен, период исполнет со многу критики за него по што и самиот сфати дека е најдобро да го напушти „Олд Трафорд“.

Јунајтед веќе има планови или поточно размислува за адекватна замена за него, па според престижниот „Дејли Мејл“ на списокот на менаџерот Ерик Тен Хаг се четири имиња од кои само еден од нив во моментов игра во Премиер лиагата.

Имено во фокусот се Едмонд Тапсоба од Баер Леверкузен, Жан Клер Тодибо од Ница, францускиот репрезентативец Бенжаман Павар и членот на Кристал Палас, Марк Гехи.