Одлуката што ја донесе сопругата на трагично загинатата ѕвезда на Фиорентина Давиде Астори не остави никого рамнодушен.
Имено манекенката заедно со својата ќеркичка Викторија одлучија да останат во Фиренца и покрај ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина Астори.
Инаку Франческа Фиорети е со потекло од Неапол, а за италијанските медиуми вели дека пријателите и жителите на овој град и даваат целосна поддршка и мотив да остане во Фиренца градот каде што заедно живееја со својот сопруг Астори кој почина на четврти март минатиот месец.
Инаку освен поддршката од пријателите, сопругата е благодарна од клубот на Астори кој го повлече бројот 13 од употреба.