Иако во саботата официјално стави крај на својата играчка кариера, Жерард Пике нема да има никакви проблеми на финансиски план.
Всушност, платата што ја заработуваше во Барселона, а која од почетокот на корона пандемијата изнесуваше 2,33 милиони евра е една од помалите ставки во неговиот буџет. Шпанските медиуми открија дека довчерашниот фудбалер има дури 14 раководни позиции во 11 различни компании.
Тој неколку пати има кажано дека на сметката има над 80 милиони евра, но прашање е и тоа дали е точно имајќи предвид дека има удел во недвижнини, а една од неговите компании „Дил Космос“ е организатор на Дејвис купот и на Суперкупот на Шпанија кој се игра во Саудиска Арабија, а кој годишно заработува 24 милиони евра.