сабота, 4. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Неочекуван пресврт: Џек Грилиш се премислува околу желбата да ја напушти Астон Вила и да оди во Манчестер Сити?

Неочекуван пресврт: Џек Грилиш се премислува околу желбата да ја напушти Астон Вила и да оди во Манчестер Сити?

Јасно е дека покрај Хери Кејн главна трансфер желба на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола е одличниот англиски репрезентативец и најдобар фудбалер на Астон Вила, Џек Грилиш.

Лојалноста на Грилиш кон својот тим е добропозната, но многумина веруваат дека богата понуда може да го промени размислувањето на капитенот на Астон Вила.

Сепак, покрај лојаноста проблем е што Сити во моментов за остварување на своите желби мора да внимава на финансискиот фер плеј, односно доколку ги сака Грилиш и Кејн, ќе мора да продава дел од своите најголеми ѕвезди, во прв ред Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.

Сепак сега се појавија неочекувани информации за Манчестер Сити. Како што јавува „talkSPORT“ Џек Грилиш ја преиспитувал својата желба да ја напушти Астон Вила и да се пресели на Етихад. Според нив најмногу грижа кај Грилиш будела можноста доста време да минува на клупата, со оглед на конкуренцијата која ќе ја има кај Гвардиола.