петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неочекувано: Анчелоти и Реал тргнуваат по напаѓачот на Интер?

Неочекувано: Анчелоти и Реал тргнуваат по напаѓачот на Интер?

Репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ, скоро извесно е дека ќе се пресели во Фиорентина, како позајмен играч во оваа екипа.

Но во спротивен правец може да се случи да се пресели играч за кој никој не очекува да го види во Мадрид, станува збор за Един Џеко од Интер.

Карло Анчелоти му бара соодветен партнер на Карим Бензема во нападот на Реал, па фудбалерот на Интер е само една од опциите.

Информацијата ја извади шпанскиот весник Марка, која е секогаш добро информирана и доклку се оствари овој трансфер, тоа ќе биде неочекувано, бидејки досега немаше ниту една шпекулација околу овој евентуален трансфер.