Триесет и едногодишниот Давиде Астори беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине.
Клубот од Фиренца во шок и со неизмерна тага пренесе дека нивниот капитен за жал не се разбудил од сонот откако завчера си легнал без никаков проблем.
Во саботата вечерта играл Плејстешн и после 23 часот легнал да спие и веќе не се разбудил.
Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.
Астори кој беше капитен на Фиорентина им се приклучи на „виолетовите“ во 2016 година, а претходно ги носеше и дресовите на Рома и Милан.
Имаше 14 настапи за најсилната италијанска репрезентација како централен дефанзивец.