Вицепрвакот на Италија е на вистински пат, уверува прославениот дефанзивец кој смета дека и во новата сезона клубот од Милано може да се бори за Скудетото.
Поранешниот фудбалер на Милан, Алесандро Неста верува дека клубот од Милано е во позиција да биде во сериозна конкуренција во битката за овосезонското Скудето, уверувајќи дека клубот е на вистинскиот пат.
-Клубот е на вистинскиот пат, Милан е кандидат за Скудетото“ вели Неста за „Кориере дела Сериа. Можеби нема да бидат први фаворити за титулата, меѓутоа тоа воопшто не е лош знак. Вистината е дека постојат многу екипи кои би можеле да се борат за титулата оваа сезона, но едно е сигурно, Милан е на вистинскиот пат, рече Неста.