Македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше асистент за победничкиот погодок на Удоги во 78. минута кој беше победнички за Удинезе на гостувањето кај Монца во првиот меч од 3. коло во Серија А.
За Удинезе ова е прва победа сезонава по ремито и поразот во воведните две кола. Инаку Колпани ја доведе Монца во водство во 32. минута, а изедначи Бето во 36. минута.
Несторовски влезе во игра во 68. минута, а потоа асистираше за победа. Идното коло Удинезе ќе биде домаќин на Фиорентина.
Победничкиот гол погледнете го ТУКА