петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нестор Лоренцо нов селектор на Колумбија

Нестор Лоренцо нов селектор на Колумбија

Аргентинскиот фудбалски стратег Нестор Лоренцо е избран за нов селектор на репрезентацијата на Колумбија, на местото на Реиналдо Руенде, кој доби отказ по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство во Катар.

Колумбија под водство на Руенде ги заврши мундијалските квалификации на шестото место во јужноамериканската зона со 23 бодови, бод помалку од петопласираниот Перу, кој избори интерконтинентален плејоф за место на завршниот турнир во Катар.

Лоренцо доаѓа на селекторското место во Колумбија од перуански Мелгар, што беше прв самостоен тренерски ангажман на 56-годипниот Аргентинец.