четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Неверојатен автогол: Стракоша треба да добие медал за најголема глупост (ВИДЕО)

Неверојатен автогол: Стракоша треба да добие медал за најголема глупост (ВИДЕО)

Натпреварот од Лигата на Европа меѓу Галатасарај и Лацио заврши со резултат 1:0, а тоа е „благодарение“ на голманот на гостите Томас Стракоша, кој направи невидена глупост и си го постигна еден од најсмешните автоголови.

Ќе пробаме да ја објасниме ситуацијата колку што можеме. По една реакција на дефанзивец на Лацио во 67. минута, голманот на овој тим сакајќи да ја избие топката во корнер, тоа го направи лошо, ја погоди стативата, па топката потоа се одби во неговата глава и заврши во голот. Видеото вреди да се погледене неколку пати.