четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неверојатен момент во Париз: Емотивна средба на Меси и Роналдињо (ВИДЕО)

Неверојатен момент во Париз: Емотивна средба на Меси и Роналдињо (ВИДЕО)

Во пресрет на натпреварот меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, за време на загревањето беше виден неверојатен момент.

Имено, емотивна средба на теренот имаа Лионел Меси и неговиот поранешен тимски колега Роналдињо. Бразилскиот ас е присутен на натпреварот во Париз како специјален гостин, а за време на загревањето се случи убавиот момент.

Видео од средбата на Меси и Роналдињо:

Двајцата беа одушевени што повторно се среќаваат, заедно играа во Барселона од 2004 до 2008 година. Роналдињо минуваше низ тежок период од животот, бидејќи беше во затвор, па со сигурност немал средба со Меси во последните неколку години.