Често би му говорел да пере повеќе садови и да престане да пробува да стане фудбалер, затоа што таму барем може да заработи нешто, се присетува сопственикот на ресторанот во кој работел Вирџил Ван Дај.
Сите кои во последно време барем малку ги прегледале некои од медиумите виделе и слушнале за сензационалниот трансфер во Премиер лигата во кој 26 годишниот Вирџил Ван Дајк стана најскап одбранбен фудбалер на сите времиња, преминувајќи од Саутемптон во Ливерпул за скоро неверојатни 85 милиони евра.
Холандскиот дефанзивец брзо стана најспоменувана личност на Островот и тема за многубројни расправи во фудбалските кругови. Меѓутоа, десет години порано малку кој можеше да замисли како со фудбал залуденото момче од холандскиот град Бреда, толку брзо ќе се вивне во самиот врв на светскиот фудбал.
Тогаш 16 годишното момче живеел далеку од сегашниот гламур и благосостојба, заработувајќи за живот перејќи садови во локалниот ресторан „Oncle Jean“.
-Беше добар работник. Секогаш добро переше и ја работеше својата работа чесно. Беше во ресторанот во тек на две вечери со најголема гужва, се присетува сопственикот на ресторанот Жакес Липс.
Покрај таа повремена работа, младиот фудбалер напорно тренирал, најпрво во редовите на локалниот клуб ВДС, а потоа и во акадамијата на Вилјем 2-ри. Но не мислеле сите дека одењето по патот на професионалната фудбалска кариера ќе донесе успеси за младото момче.
-Често би му говорел да пере повеќе садови и да престане да пробува да стане фудбалер, затоа што таму барем може да заработи нешто, изјавил Липс, признавајќи дека е воодушевен од вестите дека неговиот поранешен вработен влегол во историјата.
-Не можев да верувам кога дознав, 85 милиони? Морав повеќе пати да ја повторам бројката кога слушнав.
На својот поранешен работник во ресторанот радо се сеќеваат, за што сведочи и врамениот дрес кој гордо стои во ресторанот.
-Никој овде не го заборавил. Вирџил е одлично момче. Уште го чувамо неговиот број од телефонот. Пробав да го повикам, но не да го повикам да се врати, туку да му честитам, се нашалил сопственикот на ресторанот.
Освен луѓето од неговата работа, на популарниот стопер радо се присетува и неговиот прв тренер во локалниот клуб ВДС.
-Успеа и покрај тоа што ние го трениравме, се нашали Џон Ван Ден Берг, еден од тренерите на ВДС.
-Не сум изненаден што стана стопер. Секогаш беше на средишната позиција, ја контролираше игра и ги решаваше работите во одбраната. Кога имаше седум години во главата беше поголем и посилен од сите, додал Ван Ден Берг.
Славниот Холанѓанец не заборави ниту на своите први тренери.
-Минатата година дојде со потпишан дрес од холандската репрезентација. Тоа беше многу емотивно. Дојде да изрази благодарност на својот прв клуб и луѓето кои му помогнаа.