петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неверојатни сцени во Аргентина: Судијата додели десет црвени картони, финалето меѓу Бока и Расинг не се доигра! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени во Аргентина: Судијата додели десет црвени картони, финалето меѓу Бока и Расинг не се доигра! (ВИДЕО)

Фудбалските натпревари во Аргентина се познати по големите тензии и инциденти, но она што се случи во финалето на Суперкупот во оваа земја е нешто што не се памети во поновата историја на фудбалот.

Расинг на драматичен начин остана без титула во националното првенство и во последното коло ја загуби трката со Бока Јуниорс, но сега се утеши со трофејот во Суперкупот, до кој дојде во крајно необични и бизарни сцени на теренот.

Всушност, големото финале во Аргентина мораше да биде суспендирано и не беше доиграно во самата завршница од дополнителните 30 минути игра, а причина за тоа е што Бока остана со само шест играчи на теренот.

Резултатот во регуларниот дел беше 1-1 со головите на Бриаско (Бока) и Рохас (Расинг), судиското продолжување беше отворено со два црвени картони од Вила и Карбонеро, а потоа втор црвен доби Бока поради стартот на Варела. Вистински хаос настана по голот за 2:1 за Расинг во 118-та минута кој беше дело на Алкараз, по што судијата Факундо Телјо едноставно не престана да покажува исклучувања.

Црвени за Расинг добија стрелецот Алкараз и Кабелјос, додека за Бока ги исклучи Адвинкула, Замбрано, Гонзалес, Фабра и Бенедето. Во тие моменти, Бока остана со шест играчи во поле и беше отсвирен крај на финалето.