Хрватската фудбалска репрезентација по поразот од Шпанија беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство, но сега се крена прашина поради работи што немаат никаква врска со фудбалот.
Се покажа дека хрватските фудбалери го одиграа Европското првенство во дресови со контроверзен грб, односно усташката шаховска табла, која започнува и завршува со бел терен.
На оваа тема пишуваа и медиумите во Хрватска, известувајќи дека хрватската експедиција го открила пропустот дури по враќањето во Ровињ.
Оригиналниот хрватски грб започнува и завршува со црвени полиња. Останува да видиме дали УЕФА ќе се произнесе по ова прашање.
FOTO: Nevjerojatan gaf na EURU, Vatreni na svim dresovima imali pogrešan hrvatski grb!? https://t.co/s1grrcQCW9 pic.twitter.com/h6tMMQUVAa
— Jutarnji List (@jutarnjihr) June 29, 2021
– Спортската опрема на хрватската репрезентација ја прави компанијата „Ситотисак Деколор“, вклучувајќи ги и знамињата на земјите за индивидуални натпревари. За жал, настана ненамерна грешка при рачниот векторски цртеж, а потоа и при печатењето на хрватското знаме во пресрет на Европското првенство, што потоа не беше забележано.
Хрватската фудбалска федерација (ХНС) ќе побара одговорност од компанијата „Ситотисак Деколор“ и внатрешно ги дисциплинира вработените одговорни за овој ненамерен пропуст, за што им се извинуваме на јавноста и на хрватските навивачи. Секако, ХНС ја отфрла секоја мисла дека тоа би било намерно нарушување на хрватскиот грб, што хрватските репрезентации со години гордо го претставувале низ целиот свет – изјавија за Индекс од хрватската фудбалска федерација.
Инаку Хрватите го завршија настапот на ЕП после поразот од Шпанија во осминафиналето.