Повеќе од половина милион луѓе во Загреб шест часа не го пуштаа автобусот со хрватските репрезентативци да се пробие до главната бина.
Загреб беше целосно парализиран град, а неверојатната атмосфера од таму ја виде целиот свет.
Хрватските репрезентативци, после јуначкиот настап на Светското првенство во Русија, очекуваа голем пречек во татковината, но вакви сцени никој не можеше да замисли. Лука Модриќ, Златко Далиќ и остатокот од тимот на врвот на автобусот не веруваат дека тоа може така да изгледа. Никој буквално како да не беше спремен на ваква ерупција денеска во Загреб. Репрезентацијата успеа да ја спои цела Хрватска, репрезентацијата му се врати на народот, пишуваат хрватските медиуми.
Атмосферата во Загреб е неверојатна, а според информациите од хрватските медиуми никој не може да каже кога и како оваа прослава ќе заврши.