четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невил го избра „најдоброто“ за Јунајтед по Солскјер: Ни Покетино, ни Конте – еден е идеален!

Невил го избра „најдоброто“ за Јунајтед по Солскјер: Ни Покетино, ни Конте – еден е идеален!

Гери Невил кој одблиску ги следи случувањата во Манчестер Јунајтед, се поизвесно е дека не се согласува со стратегијата на Оле Гунар Солскјер.

Силната поддршка од некогашните колеги која ја имаше Солскјер, полека како да попушта и пропушта, односно дека норвешкиот тренер ја губи нивната поддршка.

Еден од најгласните размислувачи е сигурно Гери Невил, кој не се согласува со работата на Солскјер, па анализира што и кој би бил најдобриот тренер во иднина за клубот.

„Јунајтед сега игра против Ливерпул, Оле мора да си ги реши проблемите во тимот. Јунајтед мора да го врати борбениот дух и динамиката во тимот“.

„Што се однесува до шпекулациите за нов тренер, се вртат имињата на Покетино, Конте и Зидан, доколку ме прашате, на Јунајтед не му одговара стилот на Антонио Конте, тој да, беше добар со Челси во минатото, но Јунајтед не му одговара. Исто е и со Покетино, сметам дека Зидан би бил најидеален за тренер на „Олд Трафорд“, порача Невил.