сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невил ја знае причината зошто Јунајтед нема да го отпушти Солскјер

Невил ја знае причината зошто Јунајтед нема да го отпушти Солскјер

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, во својот последен поткаст или изјава, истакна дека знае зошто клубот не го отпушти тренерот Оле Гунар Солскјер.

Норвешкиот тренер во минатото му беше соиграч на Невил во Манчестер Јунајтед, а сега еден е тренер, друг е спортски аналитичар.

Солскјер беше ангажиран по отказот кој му беше доделен на Жозе Мурињо во декември 2018 година, а од тогаш наваму, Јунајтед скоро и да нема некој посериозен успех.

Ова лето клубот од Манчестер ги ангажира Рафаел Варан, Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо, играчи со кои клубот треба дефинитивно да се придвижи напред, но од тоа барем засега се уште нема ништо прогресивно.

„Доколку Оле беше тренер на Јунајтед веднаш по ерата на Ферги, досега ќе беше веќе поранешен тренер, ќе добиеше отказ. Лошите искуства на клубот со оние тренери кои ги исфрлаа по само година, две или 10 месеци, дефинитивно сега се одлучија на друга варијанта, да го поддржат до крајот актуелниот тренер во кој веруваат дека ќе има добра иднина“.

„На крајот, сепак мислам дека тоа е исправно, бидејки претходно сите беа лоши искуства. Понекогаш излегува поскапо кога менувате тренер“, смета Герил Невил.