Поранешната фудбалска звезда Гери Невил во својот прв коментар за „Скај Спортс“ потенцира дека Јунајтед имал многу среќа со вакво сценарио во кое ги освои трите бода.
– Мислам дека вечерва Волвс одигра фантастично.Средниот ред на Манчестер Јунајтед како да не постоеше, додека офанзивната тројка не работеше доволно добро на дефанзивен план.Сите беа загрижени за новата сезона на Вулверхемптон, но тие беа неверојатни, иако менаџерот ги презема пред четири дена. Јунајтед беше надигран и може да се биде среќен што освои три бода. Не ги заслужија, – истакнал Неви