среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невил за Јунајтед: Она што го прават денес беше незамисливо пред шест месеци

Невил за Јунајтед: Она што го прават денес беше незамисливо пред шест месеци

Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига купот и го прекина постот без освоен трофеј. Голем дел од заслугите за овој успех фановите му го припишуваат на менаџерот Ерик тен Хаг, кој успеа да го трансформира тимот и да го промени пристапот во споредба со минатата сезона. Некогашниот фудбалер на Јунајтед, Гери Невил, по финалето на „Вембли“ ги истакнал разликите кои се забележуваат по пристигнувањето на Тен Хаг.

– Секој фудбалер го дава својот максимум на теренот и тоа е најважно. На крајот на минатата сезона перформансите на дел од овие исти фудбалери беа опишани како засрамувачки од моја страна, па и од други коментатори.Пресвртот под водство на Тен Хаг е неверојатен, овој трофеј е многу важен бидејќи ќе донесе дополнителна самодоверба. Овој тим ќе биде поопасен со медал околу вратот, затоа што очекуваме менаџерот да ги подобри дополнително. Она што Јунајтед го прави сега за мене беше незамисливо пред шест месеци.