Светската фудбалска асоцијација FIFPRO соопшти дека двајца млади фудбалери го загубиле животот во Украина за време на руската инвазија врз оваа држава.
Станува збор за 21-годишниот Виталиј Сапил и 25-годишниот Дмитриј Мартиненко. Сапил играше во второлигашкиот клуб Карпатис Лавов, а Мартиненко играше за клубови од пониска класа во украинското фудбалско натпреварување.
Our thoughts are with the families, friends, and teammates of young Ukrainian footballers Vitalii Sapylo (21) and Dmytro Martynenko (25), football’s first reported losses in this war.
May they both rest in peace. pic.twitter.com/f6l9oHHRMr
— FIFPRO (@FIFPRO) March 1, 2022
Сапил беше убиен во воените конфликти во близина на главниот град Киев, додека Мартиненко беше убиен со неговата мајка откако проектил ја погоди нивната куќа.
Покрај фудбалери, Украинците ја споделуваат и веста дека животот го загуби и младиот 20-годишен биатлонец Јевхен Малишев. Тој ја прекина кариерата за да оди да си ја брани државата.
„Длабоко сочувство до татковината, пријателите и семејството. Тој ќе остане во вечното сеќавање“, соопшти биатлонската федерација на Украина.