четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ница го отпушти Виера

Ница го отпушти Виера

Францускиот прволигаш Ница му врачи денеска отказ на тренерот Патрик Виера, назначувајќи го за негов наследник досегашниот асистент, Романецот Адријан Урсе.

Прославениот француски репрезентативец ја предводеше Ница од јуни 2018 година, а отказот уследи по серијата лоши резултати, која кулминираше со елиминацијата од Лигата на Европа по вчерашниот пораз на домашен терен од Баер Леверкузен со 3-2.

Ница во француското првенство е во серија од четири последователни порази, и е рангирана 11 на табелата по 12. кола.