петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Нигез: Се обидуваат да ме исфрлат од Атлетико

Нигез: Се обидуваат да ме исфрлат од Атлетико

Деновиве на големо се зборува за потенцијална трампа на играчи помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а во прашање се Гризман и Саул Нигез.

Во последната изјава на Саул Нигез, при краткото коментирање на ситуацијата, медиумите и новинарите препознале добро расположение кај играчот на Атлетико, кој со краток коментар ја објаснил ситуацијата.

„Се обидуваат да ме исфрлат“, изјава проследена со насмевка, што може да се заклучи дека веројатно има нешто вистинито во низата шпекулации.

Од друга страна, Антоан Гризман е поранешен фудбалер на Атлетико, но не бил задоволен од тоа како Барселона на шверцерски начин се обидува да им го врати како пинг-понг топче во Мадрид.

Барселона го купи Гризман од Атлетико Мадрид летото 2019 година за сума од 120 милиони евра, а досега за клубот од Каталонија тој постигна 35 голови во 99 натпревари.