Њукасл Јунајтед испрати понуда до германскиот фудбалер од редовите на Баерн Минхен, Никлас Суле.
Договорот на 26-годишниот дефанзивец истекува на крајот од сезоната. Засега не е блиску до продолжување на соработката со Баварците, а лесно може да се случи да го напушти клубот.
Суле веќе има неколку примамливи понуди на маса. Весникот „Билд“ тврди дека најголемата финансиска понуда стигнала од Њукасл, кој бара засилувања.
Силниот дефанзивец се уште не одлучил каде би можел да игра следната сезона, а покрај Њукасл, познат е и интересот на Барселона.
Каталонците не можат финансиски да се носат со понудата на Њукасл кој е најбогатиот тим во светот и ќе видиме каде ќе заврши германскиот стопер.
Никлас Суле пристигна во Баерн во 2017 година од Хофенхајм. Тој одигра 156 натпревари и постигна шест гола.
Со гигантот од Минхен освои апсолутно сè, но се чини дека е време да го напушти клубот.