понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Никој не ја опиша разликата помеѓу Ливерпул и Реал како Анри

Никој не ја опиша разликата помеѓу Ливерпул и Реал како Анри

Немаше најава дека кралскиот клуб ќе постигне пет гола во мрежата на Ливерпул во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, но уште еднаш покажаа зошто се најдобриот тим на денешницата.

Ливерпул имаше два гола предност по првите 15 минути игра. Кралевите се вратија до крајот на првиот дел, а во продолжение приредија целосен пресврт.

Различните реакции по голманските грешки се разликата помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, барем според мислењето на Анри.

„Алисон направи грешка и Ливерпул не му помогна, додека сите во Реал му помагаа на Куртоа“, изјави Анри.

Во преостанатиот дел од мечот психолошкиот моментум беше на страната на кралевите, кои постигнаа уште три гола и целосно го уништија поранешниот шампион на Англија.

„Ова е крај на една ера во Ливерпул“, беше заклучокот на Анри по навистина неочекуваниот и тежок пораз од „црвените“.

Во последните неколку години Ливерпул загуби две финалиња во Лигата на шампионите од Реал, а вечерашниот пораз сигурно уште повеќе ќе ги потресе црвените.