Maкедонскиот репрезентативец Никола Серафимов игра во одлична форма во дресот на Залаегерсег во Унгарија. И овојпат, како во неколку пати претходно, нашиот репрезентативец се најде во тимот на колото.
За викендот тој играше против браќата Бабунски, Давид и Доријан во натпреварот против Дебрецен, па беше еден од „виновниците“ што браќата не успеаја да ја затресат мрежата на неговиот тим.
Инаку со Серафимов во тимот на Залаегерсег беше и Миловановиќ, уште еден Македонец на тој натпревар.