Астон Вила е посилна за италијанскиот репрезентативец, односно Николо Заниоло, кој ќе си ја исполни желбата да настапува во Премиер лигата.
По краткиот престој во редовите на Галатасарај, Заниоло се сели во тимот на Унај Емери, кој важи за претендент за место кое води во европските купови, а и сезонава ќе игра во Конференциската лига.
Се претпоставува дека премиерлигашот притискаше за ова засилување поради сериозната повреда на Еми Буендија, кој ќе отсуствува подолг период.
Вила го најави доаѓањето на Ѕаниоло како заем од редовите на турскиот шампион, каде Италијанецот настапуваше од февруари.