Од оваа лето македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов потпиша за Шериф Тирасол, кој направи изненадување со самиот пласман оваа сезона во Лигата на шампионите.
27-годишникот се радува на предизвикот кој го носи новата средина.
„Дојдов тука и можам да кажам дека ми се допаѓа проектот во кој што ќе бидам дел во наредната сезона. Се надевам дека периодот на адаптација ќе трае кратко, а потоа ќе можам да се фокусирам да давам максимум за клубот. Ќе имам голема конкуренција, но тоа е добра работа. Најважно е сите да се здрави, па тренерот нека одлучува кој ќе игра, а кој не. Во новата сезона ќе играме во Лигата на шампионите. Тоа е чекор напред за сите нас. Мислам дека нема да разочараме. Чест ми е што дојдов во тим како Шериф Можам да потврдам дека ќе дадам максимум и се надевам на многу радосни моменти со екипата“, изјави македонскиот играч за врска.
Фудбалските почетоци на Николов беа во Брегалница, а потоа неговата кариера го однесе во Виторул, Вардар, МОЛ Фехервар, Лече, а сега и во Шериф.