петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нишино: Не умеевме да го зачуваме водството

Нишино: Не умеевме да го зачуваме водството

Јапонскиот селектор Акира Нишино беше многу разочаран по синоќешниот пораз од Белгија во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Русија.

Јапонија до 20 минути пред крајот водеше со 2:0, но не издржа и прими три гола од кој последниот во самиот финиш од мечот.

– Многу сум разочаран. Имавме водство, но не успеавме. Се чинеше како малку да ни фали. Можеби јас донесов погрешни одлуки и тактика. Едноставно не можевме да ги запреме во последните дваесетина минути. Не бевме доволно вешти, потенцира Нишино.

Во четвртфиналето Белгија ќе игра со Бразил